Поврзете се со нас

Англија

Ќе игра во Франција: „Раскина“ со Челси, па им стана соиграч на Шмајхел, Пепе и Рамзи

Објавено

на

Летниот преоден рок е завршен во најважните, најквалитетните фудбалски шампионати, но играчите кои се слободни се уште можат да им се приклучат на некои од екипите, па токму тоа го направи доскорешниот фудбалер на Челси, Рос Баркли кој договори ангажман во Франција.

Тој пред неколку денови „раскина“ со „сините“ и некако се очекуваше да остане во Англија, но најавите не се остварија и неговиот нов клуб е Ница, тим кој во овој преоден рок успеа да добие неколку познати имиња како голманот Шмајхел, потоа Пепе од Арсенал, Ремзи, а тука од претходни се Данте, Тодибо, Шнајдерлин, Лемина…а истите ги води искусниот Лусиен Фавр.

Ова за Баркли е прво искуство надвор од Англија. Тој на островот тргна од Евертон по што следуваа авантури во Шефилд Венздеј, Лидс, Челси и Астон Вила.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни