Поврзете се со нас

Европски првенства

Капитенот Фернандез заврши на рацете на соиграчите по големата победа на Шпанија (ВИДЕО)

Објавено

на

Селекцијата на Шпанија успеа да направи мало изненадување и ја совлада Германија со 96-91 во полуфиналето на Европското првенство.

Шпанија го замолкна Берлин и ќе се бори за титулата на ЕП

Обложувалниците им даваат поголеми шанси на Германците за триумф во Берлин, но во таа проценка погрешија или поточно за тоа се погрижија избраниите на Скариоло кои покажаа карактер, знаење, упорност и со пресврт во завршниот период се израдуваат на победа која значи финале против репрезентацијата на Франција.

Лидер, капитен на овој тим е ветеранот Руди Фернандез кој по заврувањето на мечот леташе во воздух, односно заврши на рацета на соиграчите.

-Овој дрес, ова семејство. Не можам да опишам како се чувствувам со оваа група. Многу сум горд што играм на овој турнир со ова семејство, -порача Руди кој ќе се бори за ново злато на ЕП.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни