Поврзете се со нас

Англија

Како се излегува од криза: Капитенот на Ливерпул откри дека користи и клоци за да ги освести соиграчите

Објавено

на

Ливерпул до овој момент дефинитивно не изгледа на тимот кој до крајот на минатата сезона се бореше за трофеите во сите натпреварувања во кои настапи, но вчерашната победа над Ренџерс барем малку ќе го намали притисокот и може да послужи како добар повод за излегување од криза.

Тимот на Јирген Клоп пристапи максимално сериозни против Шктоланѓаните и победи со 2:0 на домашниот „Енфилд Роуд“, а бидејќи поддршката од навивачите не изостана, Џордан Хендерсон како капитен на тимот нагласи дека сите треба да бидат сплотени и обединети во обидот да се надмине овој тежок почетен период.

Хендо верува дека тој и соиграчите имаат доволно време да ја поправат ситуацијата и да се вратат на вистинскиот пат, па оние скептиците добиваат и по некоја клоца на тренинзите.

– Во последно време сфатив дека на одредени поединци во тимот им е потребен некој да ги поттурне. Да ги турне по рамо, на некои им треба и клоца во задникот. Понекогаш е потребно и таков нешто за да се врати правиот баланс во тимот.

– Сакам да биде едно јасно. Кога викам на теренот, нема ништо лично. Со викање и подредудвање се обидувам да му помогнам на тимот. Надвор од теренот, јас им помагам на сите соиграчи, имаме доволно возрасни играчи во тимот за да знаеме како да се справиме со ова. Потребно е да останеме сплотени во овие тешки моменти. Минавме доста вакви периоди досега и мора да го искористиме искуството за да минеме безболно и од оваа криза, – изјави Хендерсон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни