Поврзете се со нас

Репрезентација

Јуниорите загубија и од Унгарија на ЕП

Објавено

на

Македонската кошаркарска репрезентација до 18 години забележа уште еден негативен резултат на Европското првенство-Б дивизија во Матошинос.

Нашите надежи претрпеа пораз од Унгарија од 86-70 во разигрувањето за 9 до 16 место на шампионатот. Унгарците беа подобри, поефикасни во сите четвртини со тоа што најдобар период им беше оној почетниот кој го реализираа со 23-14 со што поставија темпо, предноста која избраниците на Апостолски Лечиќ не можеа да ја анулираат.

Шошкиќ со 14 и Иванов со 10 поени беа наши најефикасни играчи.

По овој нов пораз на шампионатот во Португалија, извесно е дека ќе се бориме за пласман, од 13. до 16. позиција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни