Поврзете се со нас

Репрезентација

Јуниорите го освоија 16. место на ЕП во Матошинос

Објавено

на

Македонската кошаркарска репрезентација до 18 години доживеа пораз од Украина од 90:74 во битката за 15. место на Европското првенство-Б дивизија во Матошинос.

Ова за нашите јуниори беше шести пораз на седмиот меч на турнирот, пораз во кој ја добивме првата четвртина (24-23), но потоа застанавме и му дозволивме да ривалот да го преземе водство, да диктира темпо, резултат и дојде до славје во овој дуел за разигрување на шампионатот.

На простувањето со првенството во Португалија, Величковски реализираше 17.поени, Стојковиќ забележа двоен ефект изразен со 14 поени и 12 скокови, додека Трајанов беше стрелец на 13 кошеви.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни