Поврзете се со нас

Репрезентација

Јончевски со први импресии за противниците кои ги добивме во квалификациите за ЕП: Имаме еден должник во групата

Објавено

на

Денешната ждрепка ја однесе Македонија во групата Х во квалификациите за Европското првенство, или поточно, ни донесе соочуваања со селекциите на Литванија, Полска и Естонија.

Македонија влезе како последнорангирана во оваа група и својата шанса најверојатно ќе ја бара против Естонија, како и против домаќинот на турнирот Полска кој поради тоа што е ко-домаќин, веќе има обезбедено директно учество на Евробаскетот.

Селекторот Александар Јончевски излезе со први импресии за извлечената ждрепка, по што направи кратка анализа на противниците кои не чекаат.

– Реално не бевме многу оптоварени со ждрепката и кои репрезентации ќе ни бидат противници. Откако ги видовме групите, јасно ни беше дека ќе бидеме со три подоброрангирани репрезентации и дека шансите ќе ги бараме против следната подобро рангирана, во овој случај Естонија. Системот каде една репрезентација е веќе домаќин, и го има обезбедено учеството во завршниот дел е тотално непопуларен. Таква беше ситуацијата и во претходните квалификаци, па ни е добро позната. И верувам дека тоа овој пат ќе го искористиме во наша полза.

– Естонија ни е должник од тогаш, а секако ќе ги измериме силите и на претстојниот турнир во Талин каде што ќе бидат домаќини. Литванија е секако главен фаворит, а и Полска која беше четвртта на последното Европско првенство, и згора на тоа имаат и одлична генерација. Единствено на кое се надеваме е да се појавиме во комплетен состав на сите ФИБА ‘прозори’ кои претстојат низ квалификациите, каде секој натпревар би бил одлучувачки за конечниот пласман, – потенцира селекторот Јончевски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни