Поврзете се со нас

НБА

Јокиќ лесно се справи со талентот на Оклахома, па му порача: Дечко, стави некој килограм (ВИДЕО)

Објавено

на

Денвер Нагетс славеше и на третиот сезонски натпревар во оваа сезона и тоа против составот на Оклахома Сити Тандер кој го доби со 128:95.

Шампионот беше далеку подобар ривал на овој меч, рутински дојде до посакуваниот резултат и тоа во средба во која најефикасен беше Никола Јокиќ со 28 поени на кои придодаде 14 скока и 5 асистенции. Србинот без многу мака дојде до овој учинок и со тоа му одржа лекција на дебитантот во лигата, Чет Холмгрен.

Чет во 2022 година беше избран како втор пик на драфтот, но поради повреда ја пропушти претходната кампања. Сега во својата прва кампања се обидува да се наметне, меѓутоа тука има големи „ѕверки“ на неговата позиција како што е Јокиќ кој имаше што да му порача на младиот Американец.

-Тој е многу талентирано момче, но ова му е прва година во НБА, се уште учи. Мислам дека мора малку да се поправи, да стави некој килограм, но неговиот талент е уникатен, -порача Јокиќ.

Инаку Чет е висок 216 сантиметри, но е тежок само 94 килограми. Никола пак е пет сантиметри понизок, но има 129 килограми.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни