Поврзете се со нас

НБА

Јокиќ доминираше против Лејкерс, ги почести фановите со забивање преку ЛеБрон (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/nuggets

Никола Јокиќ го предводеше Денвер до сигурна победа над Лос Анџелес Лејкерс (114:103) во првото соочување на овие две екипи од првата рунда на НБА плејофот.

Српскиот центар бил посебно мотивиран во соочувањето со ЛеБрон Џејмс, па натпреварот го завршил со 32 поени, 12 скокови и 7 асистенции, забавувајќи ги домашните фанови и со неколку забивања, кои вообичаено не се негова омилена категорија за постигнување поени. Во финишот Јокиќ стави точка на натпреварот со забивање преку ЛеБрон Џејмс.

Мареј со 22 поени бил втор најдобар реализатор во редовите на актуелниот шампион, додека дуото Дејвис-Џејмс го завршило дуелот со 32, односно 27 поени кај гостинската екипа која веќе има негатива во серијата.

Њујорк исто така ја искористи предноста на домашен терен и поведе во дуелот со Филаделфија (111:104), а најдобри поединци во редовите на Никс биле Брансон и Харт со по 22 поени. Макси реализирал дури 33 за гостинската екипа, но тоа не било доволно за избегнување пораз во „Медисон Сквер Гарден“.

Минесота беше убедлива против Феникс (120:95), во дуел на кој Едвардс стигна до 33 поени, додека кај „сонцата“, Дурент реализираше 31 поен.

Во првиот натпревар одигран синоќа, Кливленд славеше против Орландо со 97:83.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни