Поврзете се со нас

Свет

Италијански кошаркар паднал од балкон, го чека подолга пауза

Објавено

на

Италијанскиот репрезентативец Алесандро Џентиле доживеал непријатна несреќа за време на одморот на Мајорка и завршил во болница на шпанскиот остров.

Дрвената конструкција на балконот на вилата во која бил сместен Џентиле попуштила, па тој паднал на грб од височина од четири метри.

Кошаркарот итно бил пренесен во болница, од каде испрати порака до фановите.

– Само семејна несреќа, ништо посериозно, добро сум, – порача Џентиле, кој веројатно има повреди на пршлените.

Италијанскиот кошаркар ќе биде транспортиран и опериран во својата земја, а го очекува подолга пауза иако повредата нема да му ја прекине кариерата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alessandro Gentile (@alegentile5)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни