Поврзете се со нас

НБА

Играчите на Мемфис со валкана тактика најдоа лек за Јокиќ, Србинот се налути (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/nuggets

Никола Јокиќ ита кон својата трета МВП титула во НБА лигата и важи за еден од фаворитите за ова престижно признание, но токму поради тоа е јасна мета на сите противничките одбрани во Америка.

Денвер рано утрово загуби на гостувањето кај Мемфис и главната ѕвезда на Нагетси наиде на доста агресивен пристап од домашните кошаркари, кои успеаја да го извадат од колосек уште на стартот.

Јокиќ го заврши мечот 15 поени и 13 скокови, но и со низа нови расекотини од гребаниците кои му ги поделија кошаркарите на Мемфис.

Србинот не остана рамнодушен и веднаш се налути за најголемата расекотина која ја доби уште во првата четвртина, па последиците им ги покажуваше и на судиите.

Со оваа валкана тактика, играчите на Мемфис успеаја да најдат лек за фантастичниот Србин и на крајот победија со 112:94.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни