Поврзете се со нас

Италија

Ибра си смисли нов прекар по брилијантното издание против Наполи и го сподели на Инстаграм (Фото)

Објавено

на

Златан Ибрахимовиќ двапати ја погоди мрежата на Наполи и буквално ја најави големата победа на Милан на „Сан Паоло“, блесакво издание кое е само едно од низата неверојатни партии на искусниот Швеѓанец.

Легендарниот Ибра на 39-годишна возраст докажува дека се уште е класа за себе и може да прави разлика во италијанската Серија А, па откако Милан уште едно коло го одржа статусот на лидер во елитата, тимот во наредниот период ќе мора да продолжи по победничкиот пат без својот лидер.

Поради повреда на задната ложа, Ибра ќе паузира најмалку десет дена и ќе пропушти два натпревари во домашното првенство, но ако се суди според последната објава на Швеѓанецот, тој не е премногу загрижен за повредата која ќе го натера на принудна пауза.

По спектакуларната симултанка против Наполи, Златан одлучи да си даде нов прекар на самиот себе, нарекувајќи се „безвременски“ на Инстаграм.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни