Поврзете се со нас

Боречки спортови

Хрватот Плазибат го нокаутираше судијата, лекарите добија неочекувана задача (Видео)

Објавено

на

Антонио Плазибат е најдобар кикбоксер од Хрватска и вистиска гордост во боречкиот спорт на оваа земја по Мирко Кро-Кап, но рано утрово доживеа големо разочарување во борбата за привремен првак во тешка категорија.

Плазибат загуби во кикбокс Глори борбата од Тарик Осара откако претрпе брутален нокаут во петтата рунда, кога и дефинитивно потклекна на проблемите кои ги имаше уште од првата рунда.

Деталните лекарски прегледи покажале дека Хрватот ја скршил раката уште во првата рунда и четири рунди издржал со фрактура на левата подлактица, што само го потенцира неговиот воинствен дух.

Плазибат ќе мора да чека нова шанса за освојување на Глори појасот во тешка конкуренција, но за време на борбата понуди и една сцена која не е баш честа во рингот.

Во завршната размена на втората рунда, оној кој настрада беше судијата, кој доби класичен нокаут од Плазибат и падна на земја. Лекарите добија неочекувана задача и мораа да го проверуваат судијата, кој сепак даде зелено светло и остана во рингот до крајот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни