Поврзете се со нас

Светски првенства

Холандија ги искористи „дупките“ во одбраната на САД и избори место во четвртфиналето на СП (ВИДЕО)

Објавено

на

Репрезентацијата на Холандија е првиот патник во четвртфиналето на 22. Светското првенство и тоа откако попладнево во Доха ги доби Соединетите Американски Држави со 3-1.

Избраниците на Луи Ван Гал одлично ги искористуваа своите најдобри шанси, односно сите слабости на противникот кој прими скори три идентични гола. Во главна улога беше Дамфрис кој запиша две асистенции при погодоците на Депај и Блинд во првото полувреме за да во 81 самиот тој се запише во листата на стрелци и го постави конечниот резултат.

Единствениот погодок за Американеците беше дело на Рајт во 76 минута.

Противник на Холанѓаните во четвртфиналето ќе биде подобриот од вечерашниот натпревар Аргентина-Австралија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни