Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола со провокација за ривалот: Наградата за најдобар играч е резервирана за Ливерпул

Објавено

на

Пеп Гвардиола веќе му ја честиташе титулата на тимот на Ливерпул кој сезонава заслужено го прекина долгиот пост во Премиер лигата, заокружувајќи ги комплиментите кои и досега ги испраќаше на сметка на најголемиот ривал.

Но, шпанскиот стручњак не издржа да не искоментира поради одлуката за избор на најдобар фудбалер која ја доделуваат англиските новинари.

Денеска стана јасно дека истата ќе му припадне на Џордан Хендерсон, што според Гвардиола воопшто не е изненадување бидејќи признанието завршувало во редовите на Ливерпул и кога оваа екипа не ја освојуваше титулата.

Интересно, Гвардиола вчера ја коментирал темата откако бил прашан дали очекува наградата да ја освои Кевин де Брујн. Неколку часа по објавувањето на изјавата, стана јасно дека истата ќе му припадне на Хендерсон.

– Наградата ќе биде доделена на фудбалер на Ливерпул.

– Кога ние ја освојувавме Премиер лигата, признанието одеше кај Ливерпул. Кога сега тие станаа шампиони, сигурно ќе заврши во нивните редови, – изјавил Гвардиола за „Би-Би-Си Манчестер“.

Во сезоните кога Сити беше шампион, за најдобар фудбалер беа избрани Мохамед Салах и Вирџил ван Дајк.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни