Поврзете се со нас

Македонија

Ѓоревски: Ќе работиме МЗТ Скопје да стане национален проект

Објавено

на

Екипата на МЗТ Скопје од пред неколку дена има нов нов генерален извршен директор кој доаѓа на местото на Тони Грнчаров-тоа е Филип Ѓоревски.

Ѓоревски е поранешен играч на актуелниот македонски шампион, аеродромско дете кое многу добро ги знае состојбите во клубот за кого има планови за да го издигне истиот на повисоко ниво.

-За мене функцијата извршен директор на клуб како МЗТ Скопје Аеродром претставува огромна чест и задоволствоно, а пред сѐ и огормна одговорност. Како аеродромец одлично знам што значи овој клуб и колкава тежина има и носи ова име. Затоа во старт ветувам дека ќе дадам сѐ од себе и дека ќе го дадам својот максимум за дополнително да го издигнеме клубот на уште повисоко ниво, пред сѐда донесеме и меѓународен сјај на доминацијата која со години ја имаме на домашна сцена, -вели Ѓоревски кој ги најави промените.

-Планирам да поставам целосно отворен пристап, односно да постои максимална достапност и транспарентност во функционирањето и раководењето на клубот. Да ја подобриме организацијата и да ја поставиме на уште повисоко ниво. Сакам да биде онака како што го паметиме МЗТ Скопје од минатото, клубот да функционира како една единка, односно како едно семејство, почнувајќи од младинската школа, женската екипа, вториот тим МЗТ Уни Банка и нормално носителот на целата приказна – МЗТ Скопје Аеродром АД, -истакна Филип и притоа дополни.

-Сериозното вложување во младинската школа, како во делот на талентите, така и во стручните штабови во секоја генерација ќе биде една од моите примартни целите како нов предводник на клубот. Во сениорската екипа, пак, приоритет ќе биде формирање состав во кој ќе се најдат седуммина од најдобрите домашни играчи во државата, надополнети со тројца млади репрезентативци и три до четири екстра-квалитетни странци.

-Ќе атакуваме на што побрзо враќање во елитната АБА-лига, а со тоа искрено се надевам и на враќање на публиката. Драстично ќе го подобриме маркетингот, планираме повторно отварање на фан-шопот, каде што нашите навивачи и симпатизери ќе може да дојдат до артикли со логото на клубот, уште поактивно функцинирање на социјалните мрежи и активна интернет-страница со редовно објавување на сѐ што се случува во клубот. Планираме снимање емисии, популарните подкасти и сѐ друго што ќе придонесе младите во Аеродром, но и пошироко секојдневно да живеат со МЗТ Скопје, објаснува новиот директор на металците.

Отвореноста на клубот кон сите добронамерници ќе биде една од стратегиите на Ѓоревски за време на неговиот мандат.

-Најблиски соработници ќе ми бидат сите луѓе, претпријатија и фирми, кои ќе имаат и најмала желба да го помогнат овој проект, за кој се надеваме дека ќе биде национален и кој ќе треба да го подигне спортот и кошарката во државата на едно повисоко ниво. Нашата врата ќе биде отворена за сите. Клубот и јас како директор, ќе бидеме отворени за соработка за секој кој мисли дека би можел да помогне и кој има желба за соработка. Верувам дека зад нас е времето кога клубот беше локално затворен само во границите на општина Аеродром и дека доаѓа периодот во кој МЗТ Скопје ќе биде клуб на целата држава и за кој ќе навиваат луѓе надвор од нашето, досега природно опкружување, -порачува Филип во интервјуто за клупската страница.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни