Поврзете се со нас

ВТА

Ѓорческа не го помина четвртфиналето на првиот фјучрс во Анталија

Објавено

на

foto:www.facebook.com/laville.at

Лина Ѓорческа не успеа да ја помине четвртфиналната пречка на фјучрсот во Анталија, а загуби од хрватската ривалка Тара Вирт.

Мечот кој започна вчера, а е доигран денеска, заврши во корист на Вирт, тенисерка која вчера го доби првиот сет, за денеска Ѓорческа да се избори за трет решавачки сет.

Најдобрата македонска тенисерка израмни по 6:4 во денешното продолжение, односно вториот сет, но Хрватката беше убедлива во решавачката етапа.

Вирт го добила третиот сет со 6:1 и на тој начин избори место во полуфиналето во Анталија, на турнир со награден фонд од 25.000 долари.

Ѓорческа од понеделник ќе го започне настапот на вториот фјучрс на истата локација во Турција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни