Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ со солзи во очите: Ретки се моментите кога некој останува без зборови, се тресам…(ВИДЕО)

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ се врати во својата татковина по освоената титула на Ју-Ес Опен, па заедно со кошаркарите и „баскетџиите“ на идеален начин беа дочекани од сонародниците со кои ги прославија успесите.

Првиот светски рекет беше многу емотивен и не можеше да ги задржи солзите кога требаше да им се обрати на присутните, па кошаркарите веднаш му дадоа му дадоа поддршка.

-Добро вечер Србија, добра вечер Белград… Ви благодариме што дојдовте во голем број. Ве молам… Ретки се моментите кога некој останува без зборови, се тресам и не знам што да кажам, а има толку многу. Прво би сакам да им честитам на шампиони во баскет и на кошаркарите за нивниот феноменален успех.Не само оваа година туку низ историјата и им благодарам што ме прифатија да бидам дел од оваа прослава и да се дружиме вечерва. Ова е остварување на сонот на едно момче поради една голема причина, а тоа е што како мал како и многумина од мојата генерација и другите генерации, бев таму во публиката и славев големи медали од кошарка, ватерполо, одбојка и останатите кои ја претставуваа Србија во светот.

-Сум бил на балконов неколку пати, но ова е бесценето и незаменливо и никогаш повеќе нема да се повтори. Дефинитивно. Ова чувство… Да стојам тука покрај големи шампиони и големи луѓе со кои фала богу, имам пријателски односи, а со неколку од нив разговарав пред да заминам од овде и им кажав дека ја чувствувам нивната хармонија и заедништво и тоа не собра овде и тоа е целиот успех на финалето на Светското првенство, но тој момент на хуманост што тие го покажаа. Бориша (Симаниќ)… Бориша е херој на нацијата и заслужува сите да скандираат за него. Сакам да ви кажам дека сите славиме и завршувам со оваа реченица: Ниту еден народ на светот го нема овој дух што го имаме ние. Да живее Србија, -порача Ноле.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни