Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ: Не сакам луѓе кои се претставуваат како совршени, тоа не постои

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ по добро ќе ја памери 2021 година во која успеа да освои дури три грен слем титули и на тој начин да се израмни на врвот заедно со Рожер Федерер и Рафаел Надал.

Овој резултат на Србинот можеше да биде уште подобар затоа што малку фалеше да слави во Њујорк и на ОИ во Токио и со тоа да испише историја, меѓутоа на тој пат му застанаа Данил Медведев, односно Александер Зверев.

-Ова беше една од оние посебни години во мојот живот, не само резултатски, туку и сите тие рекорди, па пандемијата, емоциите на и надвор од теренот. Драго ми е што по ова е готова 2021 година, -изјави Ѓоковиќ за „Л’Екип“ кој го прогласи за најдобар спортист во светот.

Новак воедно проговори за Медведев и Зверев, луѓето кои му ги нанасоа најболните порази во изминатава година.

-Данил е автентичен. Лесно можам да се идентификувам со тоа. Истото важи и за Зверев. Тој го има истиот пристап. Можеме да зборуваме за менталитетот на бунтовниците, но не само тоа. Сакаме да бидеме автентични, да се држиме до нашите вредности .Кога ќе згрешиш тоа го кажуваш. Ако сакаш да ме критикуваш, во ред, тоа е твој избор. Не сум совршен, но ќе се обидам да научам од сето ова. Не сакам кога луѓето се претставуваат како совршени, на теренот и надвор од него. Тоа не постои.

-Затоа ги ценам Саша и Данил. И тие се неверојатни тенисери. Се надевав дека ќе ги победам барем уште неколку пати оваа година во Токио и Њујорк, но на крајот секогаш се шегуваме со тоа. И тоа сакам. Тоа е ривалството „Следна генерација“: Зверев, Ѓоковиќ, Медведев“, -вели првиот светски рекет.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни