Поврзете се со нас

Франција

Галтие и Мбапе ги разбеснија француските политичари со својата реакција за глобалното затоплување (Видео)

Објавено

на

Сосема неочекувано, Кристоф Галтие и Килијан Мбапе се најдоа на жесток удар од јавноста во Франција, поготово од медиумите во Париз поради реакцијата која ја имаа двајцата инволвирани на прес-конференцијата во најавата за дуелот со Јувентус.

Големото дерби во Лигата на шампионите се игра вечерва на „Паркот на принцовите“, но Французите во последните неколку часа не зборуваат за фудбалските случувања, туку за реакцијата на двајцата која е окарактеризирана како потценувачка и лош пример за општеството.

Власите во Париз бараат од своите граѓани да помогнат во обидот да се заштитите природата и да го намалат негативното влијание врз глобалното затоплување, нешто што се коси со последниот потег кој го направи ПСЖ како клуб. На блиското гостување во Нант, ПСЖ ги испрати своите фудбалери со авион, а токму ова беше повод за прашање кое Галтие порача дека го очекувал.

Мбапе и Галтие прснаа од смеа кога добија прашање за глобалното затоплување, а на сето тоа, тренерот беше ироничен и со својот одговор уште толку ги налути политичарите.

– Очекував да го добијам ова прашање. Да бидам искрен со вас, утрово разговаравме со компанијата која ни ги организира патувањата и ќе видиме дали ќе може во иднина да патуваме со песочна јахта, – со доза на сарказам изјави Галтие, кој доби опомена од министерката за спорт од Франција, но и од француската градоначалничка.

– Господине Галтие, треба да даваме порелевантни и поодговорни одговори. Треба да зборуваме со вас за ова, – му порача министерката за спорт, Амели Кастера, додека градоначалничката Хидалго побара реакција и „будење“ од ПСЖ како клуб по ваквите изјави на тренерот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни