Поврзете се со нас

Англија

Фоден ја избра најдобрата единаесетка во историјата на ПЛ, две легенди на Јунајтед се најдоа во дрим тимот (ВИДЕО)

Објавено

на

Фил Фоден ја игра најдобрата сезона во неговата досегашна кариера и потврда за тоа се 22 погодоци кои ги има постигнато за Манчестер Сити во натпреварувачката 2023/2024.

Тој негов учиник може да го подобри, надгради со оглед на тоа што се уште има доста мечеви, а со тоа воедно да си постави основа да биде уште подобар во иднина.

Останува да видиме во кој правец ќе се движи кариерата на англискиот репрезентативец кој од „Дејли Мејл“ доби една интересна, ама тешка задача да го избере најдобриот тим во историјата на Премиер лигата.

Фоден има 23 години и прашање е колку може да зборува на оваа тема со оглед на тоа колку се сеќава на некои имиња, односно има асови кои ги нема фатено, а имаат оставено голема трага.

Во неговиот дрим тим немаше место за Де Брујне, се најдоа по две легенди на Манчестер Јунајтед и Арсенал, а стави двајца актуелни играчи и тоа голманот Едерсон и десниот бек Вокер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни