Поврзете се со нас

Македонија

ФФМ организираше две антидопинг работилници

Објавено

на

foto: ffm.mk

Работилниците беа организирани за македонските репрезентативки од А селекцијата и младите репрезентативци до 17 години. Предавањето го одржа д-р Илија Стоилов.

Фудбалската федерација на Македонија продолжува со своите заложби за фер игра, чист спорт и фудбал без допинг. Во таа насока, минатата недела на 21. и 22. февруари се спроведоа две редовни антидопинг работилници, како дел од ХетТрик програмата на УЕФА.

Работилниците беа организирани за македонските репрезентативки од А селекцијата, непосредно пред нивното патување во Грузија, каде што се закажани два контролни натпревари со репрезентацијата на Грузија. Исто така, едукативна работилница беше одржана и за младите репрезентативци до 17 години. Предавањето го одржа д-р Илија Стоилов, член на комисија за медицина и анти допинг на ФФМ и лиценциран антидопинг едукатор од WADA (Светска антидопинг агенција).

На овие редовни работилници присутните фудбалери, како и стручните штабови и докторите беа информирани за прекршувањето на спортската етика, постапката за допинг контрола, правата и обврските при допинг тестирање, процедурата за издавање дозвола за терапевтска употреба на одредени лекови, а беше претставена забранетата WADA листа за 2024 година. На предавањето детално беа образложени казните според Светскиот антидопинг кодекс и Регулативата за допинг контрола во натпреварување и тренинг активност. Секој учесник доби информативни материјали и му беше презентиран WADA списокот на забранети супстанци за 2024 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни