Поврзете се со нас

Формула 1

Ферстапен се снајде подобро од Леклер и ќе стартува прв на спринтот во Имола

Објавено

на

Макс Ферстапен ја освои пол-позицијата во пресрет на утрешната Формула 1 спринт трка во Имола, искористувајќи ги подобрите одлуки во завршницата на третата квалификациска сесија.

Шарл Леклер повторно го потврди големиот потенцијал на болидот на Ферари, но ќе мора да се задоволи со втората стартна позиција, која пак ветува жесток дуел со Ферстапен, на кој влијание ќе имаат и временските услови.

Од вториот ред на спринт трката ќе започнат Ландо Норис и Кевин Магнусен, кои денеска извлекоа максимум во хаотичните квалификации кои беа прекинати и продолжени неколку пати.

Карлос Саинц повторно заврши во заштитната ограда и ќе стартува од десеттата позиција, додека Мерцедес односно ги разочара фановите откако не ни обезбеди место во последната сесија. Расел го освои единаесеттото, а Хамилтон четиринаесеттото место денеска во квалификациите.

Според новите правила, Ферстапен ќе биде запишан како освојувач на пол-позицијата, но поредокот за неделната трка ќе биде одлучен со пласманот на утрешниот спринт.

Квалификации (Имола):
1. Ферстапен
2. Леклер
3. Норис
4. Магнусен
5. Алонсо
6. Рикардо
7. Перез
8. Ботас
9. Фетел
10. Саинц

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни