Поврзете се со нас

Формула 1

Ферстапен ќе стартува прв и во Катар, Расел се избори за место во првиот ред

Објавено

на

Макс Ферстапен рутински стигна до десеттата пол позиција сезонава, па ќе стартува од најдобрата позиција на Формула 1 трката во Катар, на која веројатно ќе ја потврди и третата шампионска титула по ред.

Возачот на Ред Бул без многу проблеми извозе најбрз круг во Катар, а зад него се најде Џорџ Расел од Мерцедес, кој ќе стартува од првиот ред.

Следуваaт Луис Хамилтон од Мерцедес и Фернандо Алонсо од Астон Мартин, додека пласман до десеттата позиција остварија и Алонсо, Пјастри, Леклер, Гасли, Окон, Ботас и Норис.

Утре на програмата од 15 часот се квалификациите за спринт трката, а истата ќе се одржи нешто подоцна, односно од 19:25 часот. Трката во недела ќе започне од 19 часот.

Ферстапен може да ја потврди титулата уште утре, а му требаат само три поени од спринт трката.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни