Лига на шампиони
Еурофарм Пелистер ги доби првите 30 минути во Сегед, па целосно се распадна и претрпе нов пораз

Еурофарм Пелистер не мрдна од „нула“ и продолжи да реди порази во Лигата на шампионите, па така вечерва пристигна и седмиот неуспех на седмиот натпревар во најелитното натпреварување.
Македонскиот првак и натаму останува без освоен бод и ќе чека нова шанса за кршење на црната серија, без оглед на тоа што одново покажа добра игра во одреден период, пред целосно да се распадне во второто полувреме.
Пелистер и тоа како парираше на Пик Сегед во првите 30 минути и дури ги доби истите со 19:18, но откако Пик Сегед првпат поведе во 37-та минута со 22:21, следеше колапсот во играта на битолскио тим.
Домаќините врзаа одлична серија и поведоа со 27:21, а тоа беше почетокот на крајот за Пелистер кој на крајот загуби со 34:26 и мораше да се помири со нов пораз во Европа.
Васиљев беше најдобар поединец со пет постигнати гола, по четири запишаа Радивојевиќ и Атанасијевиќ, а еден помалку постигна македонскиот репрезентативец и капитен на тимот, Жарко Пешевски.
-
Англијапред 24 часа
Невил искрено за Јунајтед: Ова е тажна позиција, се изморив од сопствениот клуб…
-
Англијапред 22 часа
Кин почнува да се сомнева во Сити: Има причина зошто…
-
Англијапред 7 часа
Матиќ ги обелодени двете ѕвезди на Јунајтед кои редовно доцнеле на тренинзите: Останатите бевме бесни
-
Англијапред 9 часа
Ширер: Јунајтед има голем проблем во соблекувалната, четворица играчи се откажаа од борба
-
Светпред 8 часа
Родригез ги одбил Сити и ПСЖ: Флорентино ми постави едно прашање пред да потпишам за Реал
-
Италијапред 20 часа
Поранешен италијански судија го закачи Мурињо: Голем тренер не ги прави овие работи, ова мора веднаш да престане
-
Германијапред 21 час
Хаман за ѕвездата на Баерн: Тухел не го сака во екипата, нивните патишта се разминуваат
-
Светпред 19 часа
Издвои три имиња: Белингем „знае“ кој ќе ја освои наградата „Златно момче“ за 2024 година