Поврзете се со нас

Македонија

Џиролами вторпат победи на Монца, возачот на ПСС Рејсинг ќе ја напаѓа титулата во Барселона

Објавено

на

Франко Џиролами оствари и втора победа на патеката Монца во ТЦР Европа првенството, комплетирајќи го најуспешниот натпреварувачки викенд за македонскиот тим ПСС Рејсинг.

Аргентинецот уште еднаш возеше маестрално на легендарната италијанска патека, остварувајќи втор триумф, со кој само потврди дека последните две трки ќе бидат борба за титулата во ТЦР Европа.

Иако Џиролами имаше полоша стартна позиција на втората трка, но од десеттото место набрзина успеа да ги остави зад себе ривалите, па половина трка имаше водство и истото го задржа до крајот за многу важна победа.

Главниот ривал за титулата, Микел Аскона заработи казна од пет секунди и на крајот ја заврши трката на петтото место. Во пресрет на последните две трки во Барселона, Аскона сега има само 10 поени повеќе од Џиролами, што значи дека ПСС Рејсинг ќе се бори за титула во последниот натпреварувачки викенд.

Виктор Давидовски денеска имаше проблеми со автомобилот уште на стартот, па ја заврши трката на 26. место.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни