Поврзете се со нас

НБА

Дурент дебитираше за Феникс со одличен ефект за победа над Шарлот (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/Suns

Феникс го победи Шарлот на гостински терен (91:105), а натпреварот беше одбележан со дебито на Кевин Дурент во дресот на „сонцата“.

Повредата досега го спречуваше Дурент да го облече првпат дресот на Феникс по доаѓањето од Бруклин, но уште на првата средба тој покажа дека ќе биде големо засилување за и онака квалитетниот тим од западната конференција.

Кеј-Ди постигнал 23 поени за 26 минути на теренот, а очекувано најефикасен кај Феникс бил Букер со 37 поени.

Шарлот – Финикс 91:105
Детроит – Чикаго 115:117
Бостон – Кливленд 117:113
Мајами – Филаделфија 96:119
Њујорк – Бруклин 142:118
Хјустон – Мемфис 99:113
Милвоки – Орландо 139:117
Оклахома – ЛА Лејкерс 117:123
Портланд – Њу Орлеанс 110:121

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни