Поврзете се со нас

НБА

Дуел на два „ѕвера“: Јанис се залета и моќно го „залепи“ Леброн (Видео)

Објавено

на

Лос Анџелес Лејкерс успеа да слави на гостувањето во Висконсинс и во тесен дуел да го добие Милвоки, но иако на крајот се радуваа „езерџиите“, потегот на мечот му припадна на Јанис Адетокумбо.

Првата ѕвезда на Бакси го заврши мечот со 40 поени зад своето име и беше брилијантен во офанзивен план, меѓутоа со една „банана“ стана и хит на социјалните мрежи во Америка.

Во дуелот на двата кошаркарски ѕвера, Гркот го натера Леброн Џејмс на своја кожа да го почувствува рецептот кој тој безброј пати го употребувал во кариерата, а со моќната блокада си заработи големо внимание од медиумите.

Јанис се залета и на одличен начин ја испрати контрата на гостинскиот тим, по што небесниот скок и дефанзивната реакција резултираа со ерупција во салата.

Ова се случи во четвртата четвртина кога се кршеше резултатот, но ниту тоа не се одрази позитивно во конечниот резултат (129:133).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни