Поврзете се со нас

НБА

Дончиќ за циркуската тројка која ја обиколи Америка: Ова е најтешкиот шут кој сум го погодил во кариерата (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/dallasmavs

Далас и Бруклин одиграа возбудлив натпревар со многу тензија на крајот, а човек на одлука беше најголемата ѕвезда на паркетот, фантастичниот Лука Дончиќ.

Словенецот одново ја презема одговорноста кога беше најпотребно, па иако се чинеше дека акцијата на 20-тина секунди пред крајот ќе ја заврши без поени, Лука некаку успеа да изведе циркуски шут и да погоди неверојатна тројка.

Дончиќ со трите поени го реши натпреварот и потоа Далас стигна до победа од 125:120, а на пресот по мечот, Лука ниту самиот не можеше да објасни како му успеа лудоријата која ја режираше.

– Нависитна не знам што направив, не знам како се случи тоа. Само видов дека останаа уште две-три секунди за напад и си реков дека мора да завршувам.

– Се обидов да го гаѓам обрачот, но навистина не знам како успеав да го погодам тоа. Веројатно ова е најтешкиот шут кој сум го погодил во кариерата, – изјави Дончиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни