Поврзете се со нас

Шпанија

Дон Карло збесна поради Азар и веднаш го извади од игра (Фото)

Објавено

на

Екипите на Леванте и Реал Мадрид синоќа одиграа фантастичен натпревар во кој видовме едно пеколно второ полувреме во кое паднаа дури пет погодоци.

На крајот двата тима ги поделија бодовите (3:3), а јасно е дека позадоволни со овој резултат беа домашните фудбалери на Леванте.

Освен головите, кои беа кој од кој поубави, вниманието на јавноста го привлече и однесувањето на Карло Анчелоти при вториот погодок на Леванте, во тој момент за водство од 2:1.

Анчелоти се налутил поради слабото маркирање од страна на Еден Азар, па веднаш реагирал со тоа што ги повикал Винисиус и Родриго да се загреваат. Ваквиот момент беше „уловен“ од камерите кои го реализираа преносот и веднаш се прошири по социјалните мрежи.

Ваквиот потег се покажа како добар затоа што токму Винисиус Жуниор беше креаторот на двата погодоци на „кралскиот клуб“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни