Поврзете се со нас

Франција

Домот на фудбалер на Олимпик Марсеј ограбен два пати во период од четири месеци

Објавено

на

Фото: https://www.instagram.com/djoninho25

Олимпик Марсеј го загуби дербито со ПСЖ, а на своите соиграчи не можеше да им помогне повредениот Жонатан Клос, кој го следел натпреварот од трибините.

Клос бил на трибините на „Велодром“ во друштво на својата сопруга и го следел француското „класико“, но на полувреме морал да се упати кон својот дом поради информациите дека истиот бил ограбен.

– Моравме итно да го напуштиме стадионот на полувреме.

– Втор грабеж во период од четири месеци, навистина се чувствувам нелагодно и небезбедно. За среќа се погриживме да обезбедиме некој да се грижи за Пралин (куче) кога не сме дома, – објавила Полин, сопругата на фудбалерот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни