Поврзете се со нас

Свет

Димитријевиќ ја доби поддршката од медиумите и ќе настапи на „Ол-стар“ натпреварот во ВТБ лигата

Објавено

на

foto: www.unics.ru

Македонската кошаркарка ќе има уште еден преставник на „Ол-стар“ натпреварот во ВТБ лигата, односно покрај тренерот Емил Рајковиќ дел од спектаклот ќе биде и репрезентативецот Ненад Димитријевиќ.

Членот на Уникс Казањ ја доби поддршката од медиумите, поточно доби најмногу гласови кога се во прашање надворешните позиции. Нено доби вкупно 19 поени и се најде пред дуото од Зенит, Тома Ертел (13) и Том Фрејзер (9) кои исто ќе биде дел од овој кошаркарски настан.

Медиумите исто така ги избраа Антон Астапкович, Ројс Хам и Девон Пурсел кога се работи за играчите од позициите од рекетот.

Со ова беше завршената втората фаза, односно во третата тренерите ќе изберат уште шест играчи (до 29 јануари), а од 29 јануари до 2 февруари, ВТБ лигата на шест кошаркарки ќе им додели вајлд карти.

Од вкупно 24 играчи на почетокот на наредниот месец, Рајковиќ и Велимир Перасовиќ во живо ќе ги состават екипите за оваа битка меѓу најдобрите во оваа конкуренција.

Рајковиќ ќе се соочи со тренерот на Димитријевиќ на ол-стар мечот во ВТБ лигата

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни