Поврзете се со нас

Шпанија

Димитриевски ја имаше одбраната на колото во Ла Лига (Видео)

Објавено

на

Македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски одигра одличен натпревар за Рајо Валјекано против Реал Сосиедад кој за жал не беше доволен неговиот тим да извлече позитивен резултат.

Мрежата на Димитриевски се затресе само еднаш кога од белата точка беше совладан од страна на најдобриот играч на Сосиедад, Ојарзабал.

На овој натпревар најдобар поединец беше токму нашиот голман кој успеа да спаси неколку стопостотни шанси на Сосиедад, а една од одбраните се најде и во изборот за најдобра одбрана во второто коло од Ла Лига.

Димитриевски кој сезоната ја започна како втор голман, но доби прилика по црвениот картон на Лука Зидан сега истакна дека секогаш се труди да го даде максимумот кога е на теренот и посочи дека ќе продолжи да го прави тоа и во иднина.

– Се обидувам да си ја сработам работата што е можно подобро за да помогнам на тимот да дојде до поени. Против Сосиедад не можевме да стигнеме до поени и тоа е навистина штета затоа што примивме гол од пенал, -изјави Димитриевски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни