Поврзете се со нас

Франција

Дигари: Мбапе почна да стагнира и да испраќа негативни сигнали

Објавено

на

foto:twitter.com/PSG_English

Кристоф Дигари е познат по своите брутални коментари во емисијата на уште еден поранешен фудбалер, Жером Ротен, а во последното издание зборувал на темата „Килијан Мбапе“.

Трансфер шпекулациите за францускиот напаѓач се актуелни секој преоден рок, а ќе се активираат и во пресрет на летото кое може да донесе негова разделба со ПСЖ.

Дигари, како и многу други фудбалски фанови, вели дека веќе му досадиле шпекулациите поврзани со Мбапе и се надева на трансфер со кој фудбалерот ќе прифати нов предизвик.

– Имам чувство дека секои шест месеци зборуваме за истото, дали ќе замине, дали ќе остане?

– Уморен сум веќе, навистина ми пречи да зборувам на таа тема, не сум заинтересиран да слушам за неговите планови секои шест месеци. Се надевам дека овојпат ќе замине и ќе се вклучи во некој клупски проект, а не во личен проект како досега.

– Од срце му посакувам да замине, бидејќи мислам дека веќе стагнира, станува се попредвидлив во дуелите, му недостасува сила и карактер во дуелите. Тоа се чувствува и во неговото однесување, станува се понервозен, постојано мафта со рацете, тоа е негативна порака од негова страна.

– Фудбалот е колективен спорт. Тој не е ангажиран за да брка статистика, туку да му помогне на тимот да ја освои Лигата на шампионите, – изјавил Дигари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни