Поврзете се со нас

Италија

Comodita Home промовираше уникатен душек потпишан од Франческо Тоти

Објавено

на

“Франческо Тоти, кралот на Рим! Тој е и ќе биде најдобриот играч што сум го видел некогаш” – Диего Марадона

Поранешниот италијански фудбалер Франческо Тоти целата своја 25-годишна кариера ја помина во Рим. Иако имаше многу можности да се пресели на друго место во текот на неговата играчка кариера, секогаш избираше да остане во Рим поради љубовта кон клубот и градот. Тоти сега има нова љубов поврзана со квалитетниот сон – го избра душекот Cloud произведен од Comodita Home.

Експертите за квалитетен сон во Comodita Home ги здружија силите со поранешниот италијански фудбалер Франческо Тоти за да промовираат на локалниот и на меѓународниот пазар уникатен производ кој несомнено ќе го зголеми квалитетот на вашиот сон. Станува збор за дизајнот на душекот Cloud, висококвалитетен дизајнерски душек со модерен изглед на кој е врежан потписот на Франческо Тоти на сребрена плочка.

Оваа соработка е секако најголема во историјата во нашиот регион земајќи го предвид статусот на фудбалска ѕвезда, кариерата на Тоти, како и постигнатите успеси со неговиот клуб и со италијанската репрезентација. Брендот Comodita, пак, е најголемиот извозник на пазарите во Европа и Америка и исто така една од најуспешните бизнис приказни во регионот. А со оглед на нивото на соработка што доаѓа од овие две големи имиња, дизајнот на душекот Cloud е една од најголемите иновации во овој сегмент и најголем проект во овој регион и пошироко.

Во однос на соработката со брендот Comodita, кралот на Рим, Тоти истакна: „Пред сè, сакам да ѝ се заблагодарам на Comodita што ми предложи ваква соработка. Исклучително сум благодарен за ова партнерство бидејќи знам дека Comodita е многу значајна компанија во светот. И затоа учеството во овој проект за мене е нешто навистина посебно.

Тоти нагласува дека имал многу убаво искуство додека се снимал рекламниот спот за Comodita и бескрајно го забавувала добрата атмосфера и позитивната енергија која преовладувала во секој момент.

Чест ми е и навистина многу ми значи да го ставам својот потпис на овој душек и на овој начин да го обиколам светот со моето име. Среќен сум што заедно реализираме вакви уникатни работи кои се исклучително удобни“ – ентузијастички вели Тоти.

Извршниот директор на Comodita Home, г-дин Ерол Шаби, вели дека со ова посебно партнерство компанијата испишала историја. Тој го изрази своето задоволство, гордо истакнувајќи: „Чест и задоволство е да се соработува со толку големо име. Ова е добра вест не само за нашата земја, туку и за целиот регион. Ваквите соработки имаат добар ефект за промоција на земјата на глобално ниво и информирање на светот за квалитетот на производството што го нудиме. Многу сме задоволни што иновативниот душек ќе биде лансиран на пазарот со ѕвезда како Франческо Тоти. Ова е огромен проект и се надевам дека ќе послужи како инспирација и за други соработки од ваков вид во иднина“.

Тоти како фудбалер имаше 786 настапи во текот на 25 години при што постигна 307 голови. Италијанската ѕвезда е вториот најдобар стрелец во историјата на Серија А и се смета за еден од најголемите играчи во историјата на италијанскиот фудбал и веројатно најдобриот играч на Рома на сите времиња.

Душекот Cloud потпишан од Тоти е со модерен дизајн и уникатни особини. Овој душек е висок 35 cm и е составен од 5 различни видови слоеви и индивидуални пружини. Душекот е дел од линијата Special Edition, а со оглед на неговиот состав, се вбројува во производите наменети за високо квалитетен стил на живот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни