Поврзете се со нас

АТП

Циципас: Ѓоковиќ никогаш нема да сопре, никој нема да му се приближи на Федерер

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ има рекорден број на грен-слем титули, а серијата ја продолжи на Ју-Ес Опен, турнир на кој немаше посебно сериозни проблеми од почеток до крај на своите настапи.

Неговиот помлад колега Стефанос Циципас имаше многу полош настап во Њујорк, а во последното интервју зборувал за амбициозноста на Ѓоковиќ.

– Ако ги гледаме бројките, Ѓоковиќ е најдобар во историјата.

– Соборува рекорд по рекорд и се уште покажува глад за успеси, иако веќе нема потреба никому ништо да докажува.

– Таков му е карактерот, никогаш не му е доволно, секогаш сака нешто да докаже, како да се одмаздува, – изјавил Циципас.

Гркот добил прашање и кој тенисер имал најголемо влијание врз младите тенисери.

– Ако е важен само тој критериум, тогаш Федерер е далеку пред сите. Мислам дека никој нема да го достигне тоа ниво, – рекол 25-годишниот тенисер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни