Поврзете се со нас

Формула 1

Ботас за „влакно“ побрз од Расел во квалификациите, Ферстапен одново зад двата Мерцедеси

Објавено

на

Макс Ферстаспен беше на самиот врв во неколку сесии пред последната во која се најдоа најбрзите 10 возачи, но кога дојде моментот на одлука, болидите на Мерцедес одново се покажаа како недостижни, па дури и во ситуација кога Џорџ Расел се уште не е запознаен со сите карактеристики и перформанси на болидот.

Возачот на Вилијамс кој е позајмен на Мерцедес го менува Хамилтон на трката за Големата награда на Сакир, на која утре ќе стартува од второто место, веднаш зад својот привремен тимски колега Валтери Ботас кој во квалификациите сепак докажа дека подобро го познава болидот.

На крајот, Ботас за 26 илјадити делови од секундата беше подобар од Расел и го остави без премиерна пол позиција во своето деби во Мерцедес, а според проценките, Ферстапен сепак мораше да се задоволи само со третото освоено место во квалификациите.

Друштво во вториот ред ќе му прави Шарл Леклер кој извади максимум од перформансите на своето Ферари, а во првите 10 се најдоа уште Перез, Квијат, Рикиардо, Сајнц, Гасли и Строл.

Само за потсетување, ова е втора трка која ќе се вози на патеката Сакир во Бахреин, откако онаа минатата седмица мина во знакот на страшниот инцидент кој за среќа го преживеа Роман Грожан кој пак е заменет од Фитипалди.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни