Поврзете се со нас

Македонија

„Бомба“ во Аеродром: Војдан Стојановски потпиша за МЗТ Скопје (ФОТО)

Објавено

на

Еден од најдобрите македонски играчи Војдан Стојановски во иднина ќе го носи дресот на македонскиот шампион МЗТ Скопје.

Ова е „бомбата“ која беше активирана од клубот од Аеродром кој ја инфомира јавноста дека долгогодишниот македонски репрезентативец ја прифатил понудата и ќе го носи нивниот дрес до крајот на актуелнава кампања.

За Војдан ова е враќање на домашната сцена по повеќе од една деценија и тоа по епизодите кои ги имаше во Украина, Германија, Шпанија, Турција и Франција каде настапуваше за тимови од првите лиги.

Овој потег воедно знаечи дека Војдан заедно ќе настапува со неговиот брат близнак Дамјан, а од МЗТ се наеваат дека доаѓањето на бекот ќе им помогне да ја освојат двојната круна на домашната сцена и секако да се вратат во АБА лигата.

Да потсетиме „штрковите“ пред неколку дена го ангажираа Морис Кари кој ќе биде директна замена за Дастин Вер.

Шампионот го пронајде наследникот на Вер: Искусниот Кари е нов член на МЗТ Скопје (ВИДЕО)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни