Поврзете се со нас

АТП

Бизнис маестро: Федерер заработил нестварни 600 милиони долари од разделбата со „Најк“!

Објавено

на

Рожер Федерер е еден од најдобрите тенисери на сите времиња, но убедливо најдобар кога е во прашање маркетинг делот и инкасираните средства од страна на спонзорите.

Швајцарецот во овој момент е недопирлив на врвот како спортист кој добива најмногу годишни примања од спонзори и е далеку пред ѕвезди како Роналдо, Меси и Леброн ( заработува 90 милиони долари), но по објавената Форбс листа пред извесно време, сега со интересно тврдење се јави и Џо Помплијано, познат бизнис експерт кој го истражува потеклото на парите во спортската сфера.

Помплијано открива дека Федерер остварил неверојатна и нестварна заработка во последните две и пол години, и тоа откако решил да стави крај на долгогодишната соработка со „Најк“. Американскиот бренд го загуби Федерер од својата листа на амбасадори во 2018-та година кога не беше продолжен договорот според кој тенисерот од Базел добиваше 10 милиони долари годишно, од едноставна причина што „Најк“ не сакал да ја израмни понудата од јапонскиот бренд.

„Уникло“ му понуди десетгодишен договор на Федерер вреден 300 милиони долари и Рожер доста брзо го прифати, а поволна вест за Швајцарецот беше и тоа што Јапонците се обврзаа да го доисплатат дури и во ситуација тој да се повлече од професионалното играње тенис пред истекот на договорот.

Федерер има загарантирани 30 милиони годишно до 2028-ма година, но покрај вкупните 300 милиони долари од „Уникло“, Помплијано тврди дека тој ќе инкасира уште најмалку толку поради ситниот влог во швајцарски бренд за патики. Откако потпиша за „Уникло“, Федерер продолжи да носи патики на „Најк“ уште некое време, но потоа вложи во швајцарската компанија „On Running“ и се здоби со 3 проценти од акциите поради почетниот влог и капиталот.

Две години подоцна, акциите на швајцарскиот бренд за патики пораснаа вртоглаво и бизнисот се проценува на 10 милијарди долари, што значи дека почетниот влог на Федерер сега вреди 300 милиони долари.

Рожер е заштитно лице на „On Running“ и веќе беа направени неколку авторизирани модели со негов потпис, а проценките се дека почетниот влог на швајцарскиот маестро дополнително ќе расте во наредните неколку години. По вакви зделки, не е ни чудо што Федерер е само еден од шесте спортисти во историјата кои имаат инкасирано повеќе од една милијарда долари во кариерите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни