Поврзете се со нас

Англија

Бербатов со прогноза за пресметката Јунајтед-Тотенхем: Ова ќе биде тежок натпревар…

Објавено

на

Манчестер Јунајтед и Тотенхем играат важен меч во Премиер лигата, средба на две екипи кои се борат за место во Лигата на шампионите во наредната сезона.

„Црвените ѓаволи“ имаат дури осум бода помалку од „петлите“ и победа им е повеќе од потребна за да фатат приклучок како кон денешниот противник така и кон останатите ривали кои се пред нив на табелата.

Димитар Бербатов во својата кариера имаше можност да нстапува за двата клуба, па од свој агол даде прогноза со точен резултат.

-Можам да видам дека ова ќе биде тесен натпревар и ќе кажам дека ќе биде 1-0 за Јунајтед. Звучи досадно, но се надевам дека не е така. Мислам дека е многу во игра за двата тима. Тоа понекогаш може да си поигра со вашиот ум и да ве натера да не ја дадете вашата најдобра можна игра, -порача Бербатов кој е амбасадор на „Бетфер“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни