Поврзете се со нас

Свет

Белоруски клуб доби жестока казна поради местење натпревари

Објавено

на

Белорускиот прволигаш Шахтјор Солигорск е драстично казнет поради учество во местење натпревари и подмитување противнички екипи.

Доказите на специјалната комисија на федерацијата, покажале дека Шахтјор ги направил забранетите активности во сезоната 2021/22, па сега му се одредени неколку казни.

Белорускиот тим останал без 30 бодови од актуелната сезона, а следната ќе му бидат одземени уште 20 за да се комплетира тој дел од казната, додека клубот ќе треба да плати и 135.000 евра во вид на парична казна.

Одземена му е и титулата од минатата година, Шахтјор Солигорск нема да игра во Европа, а голем број актери, вклучувајќи и фудбалери и судии добиле и индивидуални суспензии во траење од 5 месеци до 6 години.

БАТЕ Борисов ќе го добие местото на казнетиот тим во европските купови, а без настап таму ќе остане и Енергетик, кој исто така бил вмешан во нелегалните активности.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни