Поврзете се со нас

Шпанија

Барселона се откажува од еден репрезентативец, се приближува до потписот на Канте

Објавено

на

Клубовите и нивните трансфер активности се во сенка на СП во Катар, но во јануари сигурно ќе има интересни случувања со кои одредени екипи ќе се обидат да го засилат ростерот.

Барселона одамна не ја крие желбата да го доведе Н’Голо Канте во своите редови, а шпанските медиуми тврдат дека активностите биле засилени во пресрет на зимскиот преоден рок.

Договорот на Французинот со Челси истекува во јуни, а Барса сака да го добие неговиот потпис уште на почетокот на годината, кога Канте веќе има право да преговара со други клубови. Канте последниот период им проблеми со повреди и се чини дека и Челси не е претерано заинтересиран да го задржи во своите редови.

Од друга страна, Барселона планира да се откаже од Феран Торес, шпанскиот репрезентативец за кого беше платена солидна сума, но не успеа да го потврди потенцијалот на „Камп Ноу“.

Медиумите тврдат дека Чави го загубил трпението со играчот кој има постигнато само 6 гола и ќе бидат разгледани понудите кои ќе стигнат за Торес.

Можно е враќање на Шпанецот во Премиер лигата, но Барса тешко ќе може да покрие 55 милиони евра, колку што му плати на Манчестер Сити за неговиот трансфер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни