Поврзете се со нас

Шпанија

Барселона го потврди Обамејанг и сподели детали: Договорот има една интересна клаузула (Фото)

Објавено

на

Пјер Емерик Обамејанг ова попладне ги мина медицинските тестови на „Камп Ноу“, по што и официјално беше претставен како големо зимско засилување од страна на Барселона.

Каталонскиот клуб излезе со официјално соопштение и го потврди ангажманот на Обамејанг точно 36 часа по затворањето на зимскиот преоден рок, нешто што беше овозможено откако Габонецот стана слободен агент откако го раскина договорот со Арсенал.

Барселона ги објави првите детали од договорот и откри дека Обамејанг ќе остане во клубот до 2025-та година, а неговата откупна клаузула ќе изнесува 100 милиони евра.

Интересно е што во договорот е вклучена и интересна клаузула, според која играчот или клубот ќе можат предвремено да го раскинат договорот во 2023-та година.

– Барселона и Обамејанг постигнаа договор откако напаѓачот стана слободен агент по раскинувањето на договорот со Арсенал. Играчот потпишува договор до 30-ти јуни 2025-та година, но со опција да биде прекинат на 30-ти јуни 2023-та година. Играчот ќе има клаузула од 100 милиони евра, – гласи објавата на Барса.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни