Поврзете се со нас

Свет

Барселона договори засилување од германскиот шампион (ВИДЕО)

Објавено

на

Барселона продолжува да го составува тимот за новата сезона, а најновото засилување доаѓа од најдобрата германска лига или поточно актуелниот шампион Алба Берлин.

Шпанскиот вицешампион успеа да го добие потписот на 23-годишниот Оскар Да Силва кој може да ги покрие позициите четири и пет (крилен центар и центар). Да Силва се согласи на договор до 30 јуни 2025 година и на тој начин стана третото засилување за каталонците по репрезентативците на Чешка, Томаш Саторански и Јан Васели.

Оскар во минатата сезона имаше учинок од 8,8 поени и 3,5 скокови во Евролигата, додека во Германија реализираше по 11,3 поени и 5,2 скокови по натпревар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни