Поврзете се со нас

Лига Европа

Барди со мајсторија вo триумфот на Трабзонспор, МекТоминеј ги израдува фановите на Јунајтед (Видео)

Објавено

на

Енис Барди постигна атрактивен гол од слободен удар, со кој само стави печат на убедливата победа на Трабзонспор над Монако (4:0) во Лига Европа.

Домаќините поведоа со бизарен автогол кој му е забележан на Сар, додека Витор Хуго зголеми на 2:0 на стартот на вториот дел. Барди ја презеде одговорноста од прекин и биеше мајсторски под живиот ѕид за 3:0, па подоцна беше повлечен од игра.

Трабзонспор ја заокружи одличната партија со голот на Трезеге за конечни 4:0 и се израмни со Монако на второто место во групата.

Манчестер Јунајтед ја победи Омонија со гол постигнат дури во судиското продолжение (1:0), а радост за фановите на „Олд Трафорд“ донесе МекТоминеј во 93. минута.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни