Поврзете се со нас

Свет

Балотели: Јас сум виновен што Меси и Роналдо имаат толку Златни топки

Објавено

на

Марио Балотели своевремено важеше за еден од најголемите фудбалски таленти, но дефинитивно тој свој потенцијал, квалитет не го искористи докрај иако имаше многу шанси тоа да го направи со оглед на тоа што играше за клубови како Интер, Милан, Ливерпул и Манчестер Сити.

Меѓутоа едно се очекувања, друго е реалноста, но од денешна перспектива популарниот Супер Марио се кае за некои работи затоа што според него тој можел да биде во иста категорија со Лионел Меси и Кристијано Роналдо.

-Раиола (Мино) секогаш ми велеше една работа: Ти си виновен што Меси и Роналдо имаат толку Златни топки. Беше во право, премногу често играв со 20 проценти од моите способности, -вели напаѓачот на швајцарски Сион.

Аргентинецот и Португалецот дури 12 пати ја освојуваа оваа награда, додека Марио никогаш не бил ниту ни блиску до дојде до престижното признание.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни