Поврзете се со нас

АТП

АТП со официјални податоци: Само пет од најдобрите 100 тенисери не се вакцинирани

Објавено

на

Властите во Мелбург јасно ставија до знаење дека дел од Австралија Опен ќе бидат само вакцинирани тенисери, а кога се во прашање првите 100 играчи на АТП листата, дури 95 проценти се сигурни за настап.

Светската тениска јавност веќе повеќе од еден месец полемизира околу тоа дали светскиот рекет број еден е вакциниран, па во ситуација кога мистеријата околу Новак Ѓоковиќ се уште останува актуелна, во прв план излезе една најнова вест од страна на човек кој се години работи во АТП.

Сајмон Хигсон тврди дека само пет тенисери од најдобрите 100 не се вакцинирани, но засега нивните имиња остануваат во тајност и не се откриваат во јавноста поради заштита на личните определби.

Ѓоковиќ во повеќе наврати говореше дека е против присилна и задолжителна вакцинација и со тоа доби статус на „анти-ваксер“, па поради тоа со притисоци се јавија и организаторите на Австралија Опен, кои јасно му порачаа дека нема да се прават отстапки за светскиот рекет број еден.

Новак сигурно нема да биде дел од првиот грен слем во годината доколку не е вакциниран, а дали е тоа така ќе дознаеме во наредниот период, бидејќи Австралија Опен е на програмата доста брзо, односно на средината на месец јануари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни