Поврзете се со нас

Англија

Арсенал ќе активира трансфер „бомба“ до крајот на зимскиот преоден рок

Објавено

на

Лондонски Арсенал планира да изненади многумина со ангажман на играч од премиерлигашки ривал за кого интерес има и од уште неколку други екипи од најквалитетното англиско натпреварување.

Фабрицио Романо пренесува дека „топчиите“ испратиле официјална понуда на адреса на Брајтон за услугите на Моисес Каиседо.

За играчот од средниот ред Арсенал издвоил 60 милиони фунти кои сметаат дека се доволни за фудбалерот на крај да се пресели на „Емирејтс“.

Арсенал веќе го ангажираше Леандро Тросар од Брајтон, а потпиша договор и со Јакуб Кивиор од Специја, па Каиседо би бил трето и последно засилување за „топчиите“ во јануарскиот преоден рок.

Арсенал во моментов е на првата позиција на табелата во Премиер лигата и фановите повеќе од било кога се надеваат дека конечно ќе го дочекаат трофејот во своите витрини.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни