Поврзете се со нас

Свет

Анри предложи пет промени во фудбалот, предлага дополнителен бод за три дадени гола (Видео)

Објавено

на

Тјери Анри смета дека фудбалот треба да еволуира, а тоа подразбира и нови правила кои би биле имплементирани на глобално ниво.

Француската легенда ги коментира случувањата во Лигата на шампионите во студиото на „Си-Би-Ес“, а добро ги забавувал гостите со своите предлози за реформи на фудбалската сцена.

Анри смета дека судиите треба да носат микрофони и да зборуваат пред медиумите по завршувањето на натпреварите, а би го променил и начинот на кој фудбалерите ги бираат клубовите, односно посакува подобра проверка дали тие можат да се адаптираат во новата средина.

За екипите кои не сакаат да играат фудбал и целта им е да го задржуваат времето, судијата треба да ги казни со тоа што ќе му додели слободен удар на противникот како во рагбито, додека во ситуација кога играч добива лекарска интервенција, би можело да добие привремена замена, со што неговата екипа не би имала играч помалку на теренот.

Како поранешен напаѓач, Анри има идеја и за мотивирање на екипите да играат поофанзивно, со тоа што тие би добивале бод ако постигнат три гола, без разлика како завршил натпреварот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни