Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти: Белингем? Останувам со…

Објавено

на

Џуд Белингем е еден од младите играчи кој предизвикува големо внимание и како што стојат работите оваа 2023 година ќе биде година во која ќе направи голем трансфер.

Врвни екипи од Топ 5 екипите се поврзуваат со него, а еден од нив е европскиот првак Реал Мадрид. Со оглед на неговиот квалитет, потенцијал, знаење, умешност повеќе од јасно е зошто „кралевите“ сакаат да го видат во своите редови, меѓутоа тој трансфер сигурно нема да биде лесен за реализаиција затоа што Борусија Дортмунд сака 100+ милиони евра, а секако тука е и конкуренцијата.

Токму тренерот Карло Анчелоти говореше за младите играчи кои оставија печат, но на крајот даде и еден јасен заклучок.

-Белингем покажа на СП дека е одличен играч од средината на теренот, ама има многу млади кои се на високо ниво: Енцо Фернандез, Гави, Педри…јас ќе останам со моите играчи за врска, Чуамени, Камавинга и Валверде, -порача Италијанецот пред дуелот со Вилјареал во Примера.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни