Поврзете се со нас

Англија

Аморим бил во Лондон, преговарал за преземање премиерлигашка екипа

Објавено

на

foto:twitter.com/SportingCP

Рубен Аморим до пред неколку дена беше главен фаворит за нов менаџер на Ливерпул, но актуелниот тренер на Спортинг има поинакви планови и веќе почнал со нивна реализација.

Португалскиот медиум „А Бола“ објави дека Аморим денеска се вратил од блиц патување во Лондон, каде заедно со својот агент имал состанок со конкретен премиерлигаш, односно ривал на Ливерпул.

Медиумот тврди дека Аморим има понуда на маса од Вест Хем и заминал со приватен авион во англиската престолнина за лично од одговорните во клубот да слушне какви се плановите и амбициите на клубот, но и условите кои би ги добил во Лондон.

Аморим бил уловен на аеродромот во Лисабон, но избегнал да коментира на темата, иако е јасно дека слетал со авион кој пристигнал од Лондон.

Вест Хем планира да му додели отказ на Дејвид Мојс, а Аморим би требало да го врати клубот во горниот дел од табелата, за што наводно добил финансиска понуда подобра и од таа на Ливерпул.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни